Продукт менаџер за електронски - архивски решенија

Продукт менаџер за електронски - архивски решенија

Инбох ДООЕЛ Скопје, најуспешниот професионален архивски и дата центар во Македонија, кој на своите клиенти им нуди врвна заштита на податоци и документи во своите физички и дигитални архиви, поради зголемен обем на работа има потреба од вработување на:

Продукт менаџер за електронски - архивски решенија

Сектор: Управување со продукти и услуги (УПУ 01)

ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ ЌЕ БИДЕ ЗАДОЛЖЕН ЗА:

  • - Учество во развој и имплементација на нови продукти и услуги на пазарот кој што се однесуваат на електронско управување со архивски материјал; учество во избор и имплементација на нови технологии и целосно искористување на достапната технологија
  • - Спроведување на истражување на пазарот за да се идентификуваат барањата за продуктите (функционалности и финансиски); креирање на пазарна стратегија, вклучувајќи цени, промоции и канали во согласност со визијата на компанијата
  • - Собирање на повратни информации од клиенти и засегнати страни и други тимови и анализа на истите со цел да ги обликува барањата и крајните особини на продуктот; учество во конфигурација на продуктите ; предложува подобрување на перформансите на продуктите се со цел да се зголеми корисничкото искуство
  • - Креирање на документи за поддршка и обука за внатрешни и надворешни корисници; грижа за одржувањето на професионална комуникација со клиенти, потенцијални клиенти и добавувачи и истражување на каналите за меѓународно вмрежување

АКО СТЕ ВИЕ НАШИОТ ИДЕАЛЕН КАНДИДАТ ТОГАШ ИМАТЕ:

  • - Високо образование –Информациски технологии, Информатички науки и компјутерско инженерство, Електротехнички факултет
  • - Силна лична ориентација кон ИТ решенија и напредно познавање на ИКТ
  • - Најмалку 3 години работно искуство на слична позиција стекнато во интернационална компанија
  • - Одлично познавање на англиски јазик и MS Office пакет
  • - Напредни комуникациски и презентациски вештини, добри аналитички способности и способност за решавање на проблеми
  • - Креативност и проактивност, доверливост, флексибилност
  • - Способност за работа под притисок и кратки рокови

Продукт менаџерот за електронски податоци за својата работа одговара директно на Генералниот директор. Вашата професионална биографија и мотивациско писмо испратете ги на jobs@inbox.com.mk, најдоцна до 31 март 2018 со назнака на огласот за кој аплицирате и шифра на истиот во насловот на пораката. Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Работното време започнува од 08:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок. Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашитподатоци да се чуваат во базата на Инбох за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бида уништени.

Инбох ДООЕЛ Скопје бара кандидати за горенаведената позиција. Инбох ќе изврши избор на кандидат во рок од 3 месеци од завршувањето на рокот за пријавување на овој оглас.

Преземето го огласот во ПДФ формат тука и аплицирајте на формата подолу.

Внимателно ја градиме нашата компетентност преку спојување на стручноста и искуството на нашиот тим. Регистрирајте се во нашата база на CV-ja.

 
  +389 7X XXX XXX
 
 
  Дозволени типови (екстензии) на датотеки се следниве: .pdf;.doc;.docx
 

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

© 2011 - 2018 Inbox - archive and data center. Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk