Училницата преточена во практично знаење - Учениците од СЕПУГС “Васил Антевски Дрен„ во посета на Инбох

Училницата преточена во практично знаење - Учениците од СЕПУГС “Васил Антевски Дрен„ во посета на Инбох

Идните правни техничари од СЕПУГС “Васил Антевски – Дрен„ беа во посета на Инбох. Учениците од втора, трета и четврта година кои во својата програма го имаат предметот Канцелариско работење, во придружба на наставниот кадар од проф. Виолета Јанчевска, проф. Ленче Кузмановска, проф. Зорица Јованова, проф. Маргарита Поповска го посетија Инбох со што можеа својата теоретска настава да ја видат преточена во реални процеси за канцелариско работење, архивирање и управување со документација.

Инбох – Архивски дата центар како општествено одговорна компанија која постојано е насочена кон развивање на едукативни кадри во својата област, овој пат имаше за цел да ги отвори вратите за младите чие образование е тесно поврзано со канцелариското и архивското работење. Учениците од втора, трета и четврта година имаа можност теоретската настава од училиште да ја видат во вистинско светло, во активни процеси за управување со документација, притоа запознавајќи се со врвни стандарди за безбедност, сигурност и квалитет во целокупното работење.

“Од името на учениците и останатите професори сакаме да изразиме голема благодарност за убавиот и професионален прием од страна на вработените во Инбох. Исто така изразуваме надеж дека соработката ќе продолжи на Ваше и наше задоволство„ – изјави проф. Маргарита Поповска од СЕПУГС “Васил Антевски – Дрен„.

“Вработените несебично и исцрпно одговараа на поставените прашања од страна на учениците и професорите. Посебно сакам да нагласам дека работата на Инбох целосно се совпаѓа со програмите на предметот Канцелариско работење што го изучуваат учениците во нашето училиште. Сакам да ја искажам нашата благодарност за организацијата, срдечноста и професионалноста на целиот тим на Инбох. „ – изјави проф. Зорица Јованова од СЕПУГС “Васил Антевски – Дрен„.

“Вработените несебично и исцрпно одговараа на поставените прашања од страна на учениците и професорите. Посебно сакам да нагласам дека работата на Инбох целосно се совпаѓа со програмите на предметот Канцелариско работење што го изучуваат учениците во нашето училиште. Сакам да ја искажам нашата благодарност за организацијата, срдечноста и професионалноста на целиот тим на Инбох. „ – изјави проф. Зорица Јованова од СЕПУГС “Васил Антевски – Дрен„

Мене ми е посебна чест да го издвојам потпишаниот Меморандум за соработка со СЕПУГС “Васил Антевски – Дрен„. Учениците од ова училиште се стекнуваат со големо теоретско знаење и ќе им биде од голема вредност да имаат можност за практична обука. Идните правници за време на нивните ученички денови воглавно се фокусираат на реторика и аргументација, но првите работни обврски кои ги имаат за време на нивното стажирање се заведување, разведување на документи, односно канцелариско работење. Ние им пружиме прилика уште во почетокот да добијат обука со практични алатки и тоа што е најбитно, да ја научат важноста на ефективно, ефикасно и безбедно канцелариско работење„ – изјави Александра Станковска, Стручен соработник за корпоративна поддршка вооедно и одговорна за целата соработка со училиштето.

"Ние им пружиме прилика уште во почетокот да добијат обука со практични алатки и тоа што е најбитно, да ја научат важноста на ефективно, ефикасно и безбедно канцелариско работење„

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

© 2011 - 2018 Inbox - archive and data center. Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk