"Подобро запознавање - Подобра соработка"

"Подобро запознавање - Подобра соработка"

Членовите на Германското стопанство на РМ, заедно со Директорот на Делегацијата на Германското стопанство на Македонија – г-дин Патрик Мартенс, го посетија Инбох – Архивски дата центар. Настанот претставуваше прилика за посетителите одблизу да се запознаат со еден беспрекорен концепт на управување со документација и архива, да искусат применети стандарди за безбедност и сигурност од највисоко ниво по интернационални трендови, да видат најнова технологија за дигитализација и обработка на документи, како и да ги увидат најголемите бенефити кои ги носи електронското архивско работење. Посетителите беа импресионирани од иновативноста на целокупниот бизнис модел, како и од сите имплементирани процеси и стандарди за совршена организациска ефикасност.

"Да се види таква компанија со такви имплементирани стандарди е навистина за пофалба. Во Инбох запазен е секој детал.
– изјави Весна Адрејченко, дип. Професор и овластен судски преведувач по германски јазик, претставник од центарот Wissen Schule.“

“Јас сум многу задоволна од тоа што го видов во Инбох. Да се види таква компанија со такви имплементирани стандарди е навистина за пофалба. Во Инбох запазен е секој детал. Навистина ми се допадна посетата и целиот настан. – изјави Весна Адрејченко, дип. Професор и овластен судски преведувач по германски јазик, претставник од центарот Wissen Schule.“

"Едно ново ниво на безбедносни, сигурносни и функционални процеси кои во секој случај го подобруваат работењето на секоја организација.
– Александар Сибиновски, Директор на ХалкБанк филијала – Илинден.“

“Јас сум позитивно изненаден од целата организација, како за самиот настан така и за целокупното работење на Инбох . Едно ново ниво на безбедносни, сигурносни и функционални процеси кои во секој случај го подобруваат работењето на секоја организација. Ние веќе соработуваме со Инбох, но јас за првпат имав прилика да го посетам и да го видам процесот во позадина. Навистина е импресивно како сето тоа функционира. – Александар Сибиновски, Директор на ХалкБанк филијала – Илинден.„

МГСЗ е непрофитна организација за економска соработка помеѓу Германија и Македонија која со над 200 компании-членки претставува најголема билатерална бизнис асоцијација во Македонија. Нивната цел да информираат, советуваат и поддржат секогаш најдобро се остварува преку вакви и слични настани каде нивните членови можат директно да се запознаат со предностите на одредена индустрија, да ги прошират своите бизнис видици и да ја зголемат својата бизнис мрежа.

”WOW! Супер! Многу сум импресиониран – беа првите зборови на Патрик Мартенс, Директор на Делегацијата на Германското стопанство во Македонија, по одржаниот настан во Инбох. Се убедив дека нашата документација навистина се чува на вистинското место – изјави Маријан Малинов, координатор на Македонско-Германско стопанско здружение."

Настанот кој пред се имаше за цел да го запознае членството на Германската комора со најефективните процеси кои го прават Инбох тоа што е, воедно претставуваше и одлична можност за меѓусебен networking и бизнис дружење. Заедно во една релаксирана и пријателска атмосфера членовите заедно со вработените на Инбох имаа прилика да разменат различни искуства, практики и совети за бизнис работењето во државата и пошироко.

За време на посетата, членовите на МГСЗ дознаа како физичките документи може да бидат управувани дигитално, запознавајќи се со Cloud архивското апликативно решение на Инбох – ENVISION. Преку демонстрации на врвната технологија за скенирање, се запознаа со дигитализација на документација која претставува културно наследство, на техничка документација, микрофилм конверзија, 3Д и 2Д скенирање, релјефно скенирање, како и дигитализација на рентген снимки. Пораката која што ја испрати Одделот за Дигитална архива беше дека поседуваат опрема за скенирање на секаков формат и соодветна обработка на истиот.

“Ова е прв настан од ваков тип во Инбох и ние сме навистина почестени што за прв пат имавме прилика да го реализираме со Германската комора и нејзините почесни членови. Наша долгорочна цел е ваквите настани да станат пракса на компанијата. Тоа што ние сакаме да го постигнеме е да го покажеме Инбох во реално светло и да му овозможиме на македонското бизнис општество да го унапреди своето работење преку потенцијална соработка со нас. Инбох како општествено-одговорна компанија постојано се стреми своето знаење и функционалноста на своите процеси да ги сподели со бизнис јавноста. Севкупно, настанот помина одлично во една пријатна атмосфера каде сите посетители имаа можност меѓусебно да се запознаат и да разменат искуства и практики. Тоа што следува од нас, се многу повеќе вакви настани – изјави Дејан Тимковски, директор на продажба во Инбох, вооедно и организатор на настанот.“

Тоа што ние сакаме да го постигнеме е да го покажеме Инбох во реално светло и да му овозможиме на македонското бизнис општество да го унапреди своето работење преку потенцијална соработка со нас.
– изјави Дејан Тимковски, директор на продажба во Инбох, вооедно и организатор на настанот. "

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

© 2011 - 2018 Inbox - archive and data center. Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk